Хабиб: Невозможно е да останеш непоразен

Хабиб Нурмагомедов (28-0, 12-0 УФЦ) смета дека е невозможно да остане непоразен во ММА и затоа не планира да се бори кога ќе го помине својот зенит.

„Мислам дека ќе заминам во пензија за неколку години. Два, три, три максимално. Мислам, можеби и две години. Не сакам да се борам целиот мој живот, затоа што знам дека тоа е тешко. Знам дека доаѓаат многу млади, гладни борци, а знам дека да останеш непоразени засекогаш и да бидеч неспорен шампион скоро е невозможно, мислам дека тоа е невозможно“, изјави 31-годишниот Русин за Арап њуз.

„Доказите за тоа се во историјата. Ако ги гледате сите спортисти од фудбал, бокс, ММА, насекаде, еден ден ќе изгубите. Треба да знаете кога да застанете. Мислам дека за мене тоа ќе биде за две години“.

Пред да замине во пензија непоразениот Нурмагомедов сака да досјде до скор 30-0 од што го делат две победи.

„Никогаш порано не размислував за тоа, но сега ми се чини како да е тоа тука. Сè уште ќе се борам, затоа што штотуку наполнив 31 година. Тоа не е премногу за овој спорт, но сигурен сум дека ќе ја завршам кариерата на 33 или 34 години. Но, дотогаш имам уште неколку години “.

Следната борба треба да ја направи во март во татковината. Очекува дека во третата одбрана за шампион во лесна категорија на УФЦ ќе се сретне со поранешниот привремен шампион Тони Фергусон, кој е во серија од 12 победи.

„Мислам дека тој е навистина добар и тежок противник. Има многу искуство, но мислам дека резултатот ќе биде ист ако даде Алах. Тоа е мое мислење. Ништо не се менува. Ми ги даваат сите тие противници со други имиња, но резултатот останува ист“.

print