Хабиб за срамниот потег на Мек Грегор: Време е да заврши во затвор (ВИДЕО)

Пред некој ден во јавноста се појави снимка на која може да се види како ММА ѕвездата Конор Мек Грегор уидра постар човек во еден паб во Даблин.

Споменатиот инцидент се случил на 6 април во „Тhe Marble Arch“ пабот по несогласување околу вискиот на Конор.

Ирскиот ММА борец го изнервира реакцијата на постариот човек кој го одбил неговиот пијалок. Во тој момент Мек Грегор го удрил.

Сега „ТМЗ спорт“ кратко за овој инцидент зборуваше Хабиб Нурмагомедов.

„Тоа е многу лоша работа. Дури вас стар човек да ве удри 10 пати во лице не смеете да му возвратите со удар во глава. Не можете. Тоа не е возможно. Морате да ги почитувате старите луѓе, јас ова не го разбирам. Еден обожавател ми испрати порака во која пишуваше: Се сеќаваш дека и тебе ти го нудеше неговото виски, но ти не го зема? Зошто тебе не те удри? Но, сега го прави тоа на стари луѓе? Јас ова не го разбирам“.

„Ваквите луѓе мораат да одат во затвор. Според мое мислење тие мораат да видат малку затвор, дури тогаш ќе размислат за некои работи. За она што сте го направиле и зошто сте таму. Тој мора да размисли за ова. Не сакам ништо да му кажам, само се прашувам каде се ирските власти? Денес удри постар човек, што ќе се случи утре? Никој не знае“, порача Нурмагомедов.

print