Хабиб е голем фаворит на средбата со Сент Пјер

Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Жорж Сент Пјер е повторно на дневен ред, откако Канаѓанецот пред неколку дена кажа дека е подготвен да се врати во битка со непоразениот Дагестанец. Се разбира, ова не може да се занемари од букмејкерите кои веднаш ги пуштија коефицинетите за можниот судир меѓу нив.

Нурмагомедов е помлад и не го почувствувал вкусот на поразот, поради што букмејкерите го идентификуваат како голем фаворит на мечот. Сент Пјер, од своја страна, има 38 години и има само 1 борба во последните 6 години. „Орелот“ е во серија од 12 последователни победи во УФЦ, а „Раш“ е во серија од 13 последователни победи.

Еве ги шансите за битка меѓу нив:

Коефицинет за победа на Хабиб Нурмагомедов – 1,25 (-400)

Коефициент за победа на Сент Пјер – 4,00 (+300)

https://www.instagram.com/p/B3r4ZHIpOeQ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
print