Хабиб доби дозвола за бокс меч на Лужники ова лето

Хабиб Нурмагомедов доби дозвола од Руската боксерска федерација ова лето да има меч на Лужники.

Шампионот веста ја објави на социјалните мрежи и ги повторно ги запали навивачите за бокс меч со Флојд Мејведер. Двајцата дадоа усна согласност за борбата, но Дана Вајт веднаш интервенираше и рече дека тоа нема да се случи. Сепак, Хабиб не ги прифаќа зборовите на Вајт и продолжува да ги следи големите пари што ќе ги заработи со Флојд, со тиа што пред неколку месеци ветуваше дека ќе собере 100.000 гледачи на стадионот.

„Руската боксерска федерација ми даде понуда за борбата налето на Лужники. Што мислите? Треба ли да ја прифатам?

Во моментов Хабиб е казнет 9 месеци, но може да ја намали на 6 месеци ако се вклучи во општествена кампања против насилството во САД, но засега тој предлог е одбиен од шампионот.

print