Хабиб влета бесен во кафезот откако му го нокаутираа роднината (ВИДЕО)

Шамил Завуров беше брутално нокаутиран од Мансур Барнауи на ММА, кој е роднина на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов.

Завуров добро се држеше во дуелот, а потоа како гром од ведро небо беше нокаутиран со летечко колено во главата. Завуров се сруши како свеќа.

Покрај кафезот беше и Хабиб кој веднаш скокна да му помогне. Завуров беше без свест неколку секунди, а Хабиб се обидуваше да му помогне.

За среќа и докторите брзо реагираа и се заврши без последици.

print