Хабиб: Верувам во моите способности повеќе од моите противници

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, нема пораз во кафезот и успева да го победи секој противник во УФЦ. Хабиб успеа да ја одбрани титулата против Конор Мек Грегор минатиот месец, а оттогаш стана и попознат. Не престана да патува низ светот и се среќава со различни луѓе од сите сфери на животот. Денеска беше во Саудиска Арабија и зборуваше на еден настан организиран од Фондацијата МиСК, во сопственост на принцот Мохамед бин Салман.

„Вербата во моите способности е многу поголема од моите противници, затоа што верувам во Бог. Има многу општествени настани кои моите пријатели не ги сакаат и прифаќаат, бидејќи ги почитуваат моите принципи и мојот начин на живот. Избрав да живеам како муслиман, а не како дисциплиниран спортист“, рече Хабиб.

Таткото на Хабиб неодамна изјави дека сака да го види против ЖСП во ОАЕ следната година, а Тони Фергусон треба да почека.

print

Можеби ќе ви се допадне...