Хабиб: Ако на Конор му требаат пари, ќе му дадам!

habib-so-kapata

Допрва треба да се справи со Тони Фергусон, Хабиб Нурмагомедов веќе го насочува поглед кон шампионот во лесна категорија на УФЦ, Конор Мек Гегор.

Ако Хабиб успее да се справи со Фегусон, тогаш ќе ја добие и можноста да се бори со шампионот во категоријата.

Рускиот борец изјави дека не би му дал реванш на Мек Грегор, под услов да го совлада во октагонот. Дури е подготвен да му даде пари на Конор, ако има потреба од тоа.

„Откако ќе завршам со Фрегусон, тогаш доаѓа на ред Конор и авантурите и со него. Од УФЦ можеби ќе сакаат да направиме реванш, но јас ќе кажам – „не, смирете се малку, треба да се наредите на опашката (редот)“. Дојдов во УФЦ за да се борам со врвни борци и да станам апсолутен и непоразен шампион. Тоа е мојата цел. Многу луѓе се борат со Мек Грегор поради парите. Јас можам да му дадам пари, ако на него му требаат“.

Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за привремениот појас ќе се сретнат на УФЦ 209 во март.

print

Можеби ќе ви се допадне...