Хабиб: Ако го сретнам Конор – еден од нас ќе заврши во болница, а другиот во затвор! (ВИДЕО)

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов кажа дека не се плаши од средба против Конор Мекгрегор надвор од рингот.

Хабиб пред една година го победи Мекгрегор, а потоа се случи хаос по мечот, кога тимовите се степаа, а Нурмагомедов скокна надвор од рингот.

„Не ми е доволно да го претепам. Мора да го тепаме цел тим. Тоа го кажав пред мечот, а на тимот му кажав дека ова не е борба, туку војна. Тоа нема никогаш да заврши. Дури и ако се сретнеме, ќе се степаме. Не е важно дали некој ќе заврши во затвор. Не се плашам од тоа, некој ќе биде во болница, а некој во затвор“, кажа Нурмагомедов.

Хабиб во кариерата има 27 победи и ниту еден пораз, а следниот меч му е на седми септември.

print