Фјури ќе се бори во јуни со Том Шварц, но можен противник е и Кубрат Пулев

Поранешниот светски шампион Тајсон Фјури ќе се врати во рингот во јуни, а првата борба ќе ја има против непоразениот германски борец Том Шварц. Германецот во кариерата има 24 борби и 24 победи.

Неодамна Фјури со ЕСПН потпиша договор вреден 100 милиони долари,

Тој долго време преговараше со Дионтеј Вајлдер за реванш мечот, но преговорите пропаднаа, а Британецот потпиша договор со ЕСПН и сега доби нов ривал.

Шварц е најголемиот кандидат за борбата со Фјури, но постојат и некои шпекулации дека во последен момент би можел да влезе во конкуренција победникот од дуелот меѓу Кубрат Пулев и Богдан Дину.

print