Фјури: Ќе го победам Руиз со една рака

Тајсон Фјури упати уште една стрела во насока на Ентони Џошуа.

Непоразениот поранешен светски шампион во тешка категорија вели дека ќе му треба една рака за победа против Енди Руиз, кој го победи Jошуа во јуни во седмата рунда и ги освои појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Слушнете, никогаш не знаете што ќе се случи во животот, но ќе ви кажам една работа, и ќе им оставам на навивачите да одлучат која рака да ја ставам зад грбот и да го победам Руиз со едната рака – затоа што ми е потребна само една рака да го победам“. „Изјави Фјури за ТМЗ.

Сепак, Британцот верува дека Руиз и во реваншот ќе го победи неговиот сонародник.

А, што се однесува до неговата втора конфронтација со Дионтеј Вајлдер рече: „Тoе ќе биде епска борба и се радувам. Прво се радувам на борбата во септември, а потоа ќе се рдаувам што ќе го нокаутирам Дионтеј Вајлдер. Дури и ако ме нокаутира и понатаму се радувам на тоа, бидејќи тоа е бокс. Нешто добиваш, нешто губиш. На секоја голема династија и доаѓа крајот, но не мислам дека Дионтеј Вајлдер ќе го закопа „Кралот на Ромите“. Нема шанса“.

Пред реваншот со шампионот на ВБЦ, закажан за февруари следната година, Фјури во септември се бори против Швеѓанецот Оти Валин.

print