Фјури: Кога ќе го нокаутирам Вајлдер ќе бидам најдобар во својата ера

Тајсон Фјури вели дека со победата против Дионте Вајлдер ќе ги отстарни сите дилеми околу тоа кој е најдобар боксер во оваа ера.

„Единствено нешто што знам е дека кога ќе го победам Вајлдер, ќе станам најдобар боксер во оваа ера. Тука веќе нема да има дилеми, нема да може ниту еден друг боксер да стои до моето име. Верувам дека и претходната борба бев многу подобар, но очигледно судиите видоа нешто друго. Затоа сега морам да ја осигурам победата. Морам да го нокаутирам, бидејќи не сакам контроверзни судиски одлуки“, изјави Фјури. 

Борбата меѓу двајцата борци е закажана за 22. февруари во Лас Вегас, а нивниот претходен меч кој се одржа во 2018 година заврши без победник.

print