Фјури е подготвен: Откако ќе го победам Вајлдер, на ред е Стипе Миочиќ

Боксерот Тајсон Фјури тотално се рафрла во бокс, во кечерството, а неодамна изрази желба и за ММА. Англичанецот изјави дека е подготвен да се испроба во ММА дуел под водство на Конор Мек Грегор, а неодамна направи генерална тренинг сесија со борецот на УФЦ Дарен Тил.

Меракот на Фјури не останаа надвор од очите на шампионот Стипе Миочиќ, кој изрази желба да се бори против Фјури.

И уморениот Англичанец дури и не се двоумеше да го прифати предизвикот во боксерски меч.

„Стипе рече дека сака да боксира со мене – тоа сигурно ќе биде интересна борба. По поразот на Вајлдер би се борел против Стипе во бокс, ако навистина сака. Тоа би било одличен натпревар како Мејведер против Мек Грегор.

Подготвен сум за оваа борба, па нека ми се јави и да разговараме. Исходот ќе биде ист, без оглед кој се соочува со мене – ќе биде поразен.

Мојот тренинг со Дарен Тил беше возбудлив и само ја запаливме салата. Ме водеше низ навистина напорен тренинг и беше многу добро.

Колку и да е предизвикувачки може овој меч, исто толку и  тежок да се организира. Прво, тие треба да се разберат ММА или бокс средба, а потоа да најдат начин за работа на Топ ранк и УФЦ, што може да не се покаже како пречка бидејќи двете страни работат со ЕСПН.

print