Фјури: Вајлдер е на врвот зашто е опасен до самиот крај

Тајсон Фјури се враќа со нова мотивација и ќе се качи во рингот на 9 јуни во Манчестер, против уште неименуван противник.

Скандалозниот Англичанец веќе се закани дека ќе го порази шампионот Ентони Џошуа.

„Многу пати го опишав, тој е вистински шампион, но штом ќе дојдеме ред да се бориме, ќе бидам толку подготвен што борбата за мене ќе биде лесна.

Цела вечер ќе бара мечот да се заврши со еден удар. Го видовте против Паркер, ако некој му излезе на Џошуа што движи малку повеќе и удира, тешко му е“.

Фјури се осврна и на Вајлдер.

„Во моментов мислам дека Вајлдер е на врвот. Причината за тоа е што е опасен до последните две секунди на борбата. Го видовме против Ортиз – тој го губеше дуелот, но му беше потребно да нанесе само еден удар.

За разлика од AЏ, има брзина и издржливост во сите рунди. Но, повторно – тој не е најдобар боксер во светот. Сите се ранливи и победливи“.

print

Можеби ќе ви се допадне...