Фјури: Вајлдер во последните мечеви се бореше со учител, играч на американски фудбал, неталентиран Французин и со стари и истршени боксери

Тајсон Фјури ги проанализира последните шест противници на Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО).

„Кралот на Циганите“ на 1 декември во Лос Анџелес во судирот на непоразените тешкаши ќе го предизвика шампионот на ВБЦ.

30-годишниот Британец за борбата се подготвува во Биг бер лејк во Калифорнија на 2100 метри надморска висина.

„Неговите последни шест борби се всушност единствените што се сметаат“, рече Фјури.

„Бирмејн Стиворн – мал тешкаш човек кој беше стар и веќе готов. Жоан Духопс

– Французин кој нема капацитет, но многу се труди. Вајлдер во текот на борбата ниту еднаш не го повреди“.

„Ерик Молина – учител на кого му се посреќи. Му требаа девет рунди да го реши. Артур Шпилка кој сите борби досега ги загуби со нокаут Малку се движеше и создаваше проблеми. Џералд Вашингтон – играч на американски фудбал со солидена преден директ Пет рунди му правеше проблеми пред да го погоди – Вашингтон не е боксер“.

„Потоа беше Луис Ортиз, кој, ако ги заборавиме на неговата години, е добар борец, но сите знаеме дека никој не може да му избега на времето“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...