Фунакоши Гичин освои 10 медали на „Никон опен 2018“ во Софија (ФОТО)

Карате клубот Фунакоши Гичин е седми во вкупниот пласман на силниот Меѓународен турнир „Никон опен 2018“ во Софија, Бугарија, откако неговите каратисти освоија 10 медали – 4 златни, 1 сребрен и 5 бронзени.

Тимот во севкупниот пласман во кати е прв. На турнирот настапија над 1500 натпреварувачи.

Медалите за Фунакоши Гичин ги освоија:
Александар Спасовски – јуниори и сениори кати – сребрен медал
Машки ката тим 1 +14 (Спасовски, Спасовски, Бајовски) – златен
Женски ката тим кадети (МанчевскаЈанчовска, Мартина Арсовска) – златен
Давид Спасовски – бронзен, деца У-14 кати поединечно
Кристијан Бајовски – бронзен, кадети кати поединечно
Каролина Јанчовска – бронзен, кадети кати поединечно
Јована Манчевска – бронзен, кадети кати поединечно
Мартина Арсовска – златен, кадети кати поединечно

Ката тим деца 2 У-14 (Мерис Зверотиќ, Андреј Пешков и Андреј Стојановски)- златен
Сара Трпковска – бронзен, деца У-10 кати поединечно

За Фунакоши Гичин настапи и Кристијан Андриќ.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...