Френсис Нгану: Не е важно каде почнуваш, туку каде ќе завршиш!

Нема сомневање дека Френсис Нгану помина низ пеколот за да стигне до предизвикувач за титулата во тешка категорија во најголемата ММА организација во светот. „Предаторот“ почна да работи на возраст од 12 години за да преживее со семејство. Ссепак, беше младо момче со силно верување и волја и способност да се справи со предизвиците на животот.

Нгану ја напушта татковина и патува 14 месеци, за да пристигне во Франција, каде што првично е бездомник. Во 2011 година Нгану нема ништо, а неговиот поранешен противник, Жуниор дош Сантос, ја освојува титулата на УФЦ во тешка категорија. Пред неколку дена Нгану успеа да го патосира за 71 секунда и денес рече дека не е важно каде почнуваш, туку каде ќе завршиш.

„Не е важно каде почнуваш, туку каде ќе завршиш“.

Френсис е во серија од 3 последователни победи со нокаут во првата рунда и ќе чека борба за титулата.

View this post on Instagram

God's plan!!! ☝️

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou) on

print