Френсис Нгану: Бев Спокоен и уверен во победата (ВИДЕО)

Френсис Нагну уште еднаш стана кандидат за титулата во тешка категорија откако го го победи со нокаут Жуниор дош Сантос за 70 секунди. Тие ја предводеа главната борба на настанот во Минесота, а Предаторот влезе во серија од три последователни победи со нокаут во првата рунда. Сега ќе ја чека борбата меѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ, кои се борат во август.

Нгану на прес-конференцијата по мечот и рече дека бил уверен во победата.

„Не можам да кажам дека очекував таква завршница на средбата. Бев многу спокоен и уверен во победата. Не знаев кога ќе заврши, но сигурност знаев дека ќе победам. Знам сè за неговата борба. Му реков на Дана Вајт дека сакам почит и битка за титулата, бидејќи токму сега само тоа има смисла за мене. Ми рече дека ќе разговараме, а мислам дека ова е позитивен одговор.

Не морам да ги убедувам луѓето дека можам да го победам Миочиќ или Кормиер. Како можев да ве убедам дека ќе го победам во Дош Сантос? Луѓето се убедени само од исходот. Не знам што ќе се случи во наредните месеци, но знам дека ќе добијам шанса за титулата. Почувствував дека со првиот удар му нанесов доста штета и не очекував да го положам со првиот. Мислев дека ќе ми треба уште неколку удари, но работите се случија поинаку.

Ние, борците од Африка, заслужуваме да имаме настан на УФЦ во Африка. Време е да размислиме. Не ми е гајле кој ќе победи од нив, бидејќи со двајцата ќе имам добри битки. Миочиќ е борец кој ме порази и ја сакам таа борба, а, од друга страна, Кормиер е двоен шампион. Двете битки се добри за мене. Мислам дека заслужувам шанса за титулата. Сè уште не е јасно што ќе се случи“.

print