Френк Ворен: Во Америка веќе знаат дека Фјури е поголем од Вајлдер

Промоторот на професионалниот на Тајсон Фјури, Френк Ворен, смета дека Британцот го поминал Дионтеј Вајлдер по попураноста во САД.

„За само неколку недели, Тајсон Фјури стана една од најпопуларните спортски фигури на најголемиот пазар“, рече Ворен.

„Интересот ќе се зголеми уште повеќе околу реваншот меѓу Вајлдер и Фјури. Американската јавност е веќе свесна дека Тајсон Фјури е поголем од Вајлдер“, вели Френк Ворен.

Реванш меѓу нив е планиран околу февруари 2020 година.

print