Флојд Мејведер-Мани Пакијао 2 во Јапонија во декември

Легендарниот непоразен боксер Флојд Мејведер тврди дека ќе се бори против Мани Пакијао по втор пат. Ова ќе се случи во декември во Јапонија, а борбата ќе биде од егзебициски карактер како оноа со Теншин Насукава. Мејведер има скор од 50-0 во боксот и е поранешен светски шампион во пежински категории, со вкупно 8 титули во три различни тежински категории. Неговата последна професионална борба беше пред две години во Невада, каде што го нокаутира Конор Мек Грегор.

Пакијао е со скор 62-7-2 во боксот и победи во две борби оваа година.Тој е единствениот боксер што освоил титули во 8 (осум) различни категории. Во последната борба му го нанесе првиот пораз на Кит Турман, со што ја освои титулата на ВБА во лесна категорија. Годинава потпиша договор со Ризин, а Нобујуки Сакакибара рече дека планира нешто за него на крајот на годината.

На својот акаунт на социјалните мрежи Мејведер сподели дека во моментов работи на борба меѓу него и Мани, што ќе биде реванш, но нема да влијае на нивната професионална статистика. Пред четири години ги одмерија силите во Вегас, а Флојд победи со одлука на судиите, а сега веројатно ќе има реванш што не им одговара на нивните кариери, но ќе им донесе милиони, што е најважно.

print