Фирас Захаби: Хабиб е најголемиот, но Тони може да го победи

Фирас Захаби смета дека неоспорниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е најголемиот шампион во оваа категорија во историјата, но има борец кој може да го победи. Орелот сè уште нема пораз во ММА, а неговиот скор е 28-0 во ММА и 12-0 во УФЦ. Захаби верува дека поранешниот привремен шампион Тони Фергусон ги има сите вештини што му се потребни за да му го нанесе првиот пораз во кариерата на Дагестанецот.

По многу години, навивачите едвај ќе ја дочекаат битката меѓу двајцата најдобри во категоријата, ако с еима во предвид дека имаше четири неуспешни обиди за пресметка кои не се одржаа поради повреди. Сепак, нема друг позабележителен кандидат во лесна категорија да го престигне Фергусон, а веројатно ќе ги видиме во петиот со Хабиб. Тони е со 25-3 ММА скор и е во серија од 12 последователни победи во УФЦ.

Заработи 9 бонуси во неговите 12 победи, а сите веруваат дека е најголемата закана за непоразениот шампион. Фирас Захаби, кој горел во ММА, реши да зборува за борбата меѓу нив и изјави дека Фергусон може да го приземји Нурмагомедов.

„Верувам дека Хабиб Нурмагомедов е најголем лесен борец во историјата. Не верувам дека некој може да го победи. Ако има борец кој може да го победи, тогаш Тони Фергусон е единствениот противкандидат. Сите знаеме дека има одлично џиу-џицу и е многу добар во тоа да дојде до нозете.

Фергусон е многу агресивен на грбот и многу добро излегува од тешки ситуации. Фергусон е познат по своите задушувања, а особено тоа е неговото гушење Д’арс. Мислам дека ќе го задавеше Хабиб, ако тој беше наместото на Пориер“, изјави Захаби.

https://www.instagram.com/p/B23QrazguBm/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
print