Филип Божиновски славеше со гушење во првата рунда во Цирих (ВИДЕО)

Битолчанецот Филип Божиновски синоќа на Фајт најт во Устер кај Цирих извојува победа против Рахим Мираједин од Швајцарија.

Божиновски забележа победа со гушење во првата рунда во 4-тата минута со максимална доминација и контрола на борбата.

„Борбата започна одлично. Веќе првиот преден директ заврши во носот на противникот, а по кратко време противникот нападна со влез за рушење, при што нашиот борец одлично се одбрани и дојде во позиција да контролира во норт-саут позиција со заклучка на вратот. Во наредните неколку минути имаше надмудрување во партер имајќи предвид дека Рахим Мираједин е виолетов БЏЏ појас и добар борач, но нашиот борец во ниту еден момент не дозволи да ја изгуби контролата. Во 4-тата минута сработи одлично тејкбек од желка позиција и финишира со давење од позади“, вели тренерот Сашко Мирчевски..

Останатите наши претсавници на овој настан,но во кик бокс, претрпеа порази – Денис Муаремовски и Хадис Рамадани, на кого ова му е прв изгубен меч во ВКУ-Швајцарија.
Еве дел од борбата:

Борбата започна одлично и веќе првиот преден директ заврши во носот на противникот по што по кратко време противникот нападна со влез за рушење каде нашиот борец одлично се одбрани и дојде во позиција да контролира во north-south позиција со заклучка на врат.Во наредните неколку минути имаше надмудрување во партер имајќи предвид дека Рахим Мираједин е purple belt Bjj и добар борач но нашиот борец во ни еден момент не дозволи да ја изгуби контролата за да во 4 та минута сработи одлично takeback од turtle позиција и финишира со rear naked choke.Накратко како изгледаше борбата бидејќи не бевме во можност да ја снимаме цела.

Posted by Ninjutsu klub"Bitola" on 2019 m. vasario 10 d., sekmadienis

.

print

Можеби ќе ви се допадне...