Филиповиќ: Победата е посветена на „експертите“ што ме пензионираа!

Кро кап по победата над Гонзага

„Ова ми е најдрагата победа, затоа што се вратив во УФЦ и целата кариера ја ставив на коцка. Замислете што ќе беше ако изгубев, затоа бев премногу претпазлив. Победата ја посветувам на сите „експерти“ кои ме пензионираа и кои велеа дека сум готов со овој спорт. Исто така, би сакал да ги спомнам и оние кои се обложија против мене, само напред, нека губат пари на тој начин!“, рече Мирко Филиповиќ по мечот со Габриел Гонзага.

„Додека се борев со Гонзага пред очи ми беше сликата на мојот 12-годишен син Иван, кому исто така му ја посветувам оваа слатка победа. Не смеев да го разочарам моето дете, кое тренира борење и често доаѓа на тренинзи да ме гледа. За него оваа борба беше голем стрес“, нагаласи Кро Кап.

„Голема причина за враќањето во УФЦ беше желбата за одмазда од 2007 година. Кога разговарав со челниците, тие ми понудија борба со човек кој ми е должник. Нормално, прифатив и јасно ми е дека ја ставив целата кариера на коцка, но не жалам. Клучот за победата беше одличната кондициска подготвеност и поради тоа сакам да им се заблагодарам на момците кои се дел од мојата екипа. Дури и кога Гонзага ми ја пукна аркадата не ја загубив вербата, секогаш во главата ми се вртеше зборот победа“, констатираше Мирко.

print

Можеби ќе ви се допадне...