Ферри Исиќ совлада двајца Италијанци во Салзбург

Ферри Исиќ извојува две победи на Карате 1 Серија А- Салзбрург 2018 во истиоимениот град во Австрија.

Исиќ ги совлада Лука Д Есте од Италија и Маурицио Гверини од Италија со 5-0, а загуби од Ботонд Наги со 1-4.

Во машка конкуренција во кати имаше 224 натпреварувачи. Пуликсенија Јованоска иако беше пријавена не се појави на татамито во Салзбург.

Останатите наши каратисти настапуваат утре.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...