Феликс Савон во затвор поради силување на малолетник

Шокантни вести доаѓаат од Куба.

Трикратниот олимписки победник Феликс Савон е во затвор под обвинение за силување на малолетник.

Во извештајот на порталот Гатопардо стои дека славниот боксер е зад решетки повеќе од еден месец, по тужбата на родителите на момче помладо од 12 години.

Во текстот се наведува дека ова не е прво такво обвинување против 51-годишниот боксер, но дека кубанскиот режим за поради неговата слава во минатото ги заташкувало обвиненијата.

Савон ја заврши спортската кариера во 2001 година. Боксерот ја почна кариерата со 14 години.

Освои три златни олимписки медали (Барселона 1992, Атланта 1996 и Сиднеј 2000). Три олимписки златни медали покрај него освоија само Теофило Стивенсон и Ласло Пап. Беше шесткратен светски аматерски шампион.

Иако никогаш не стана професионалец, се смета за најуспешен кубански боксер во историјата.

Во својата аматерска кариера постигна 362 победи со 21 пораз, но ги освети сите порази.

print

Можеби ќе ви се допадне...