Федор и Сонен добија големо засилување на Белатор 208

Белатор 208 доби уште еден голем меч. Поранешниот шампион на УФЦ и ВЕЦ Бенсон Хендерсон во лесна категоријата ќе ги одмери силите со предизвикувачот во подем, Саад Авад.

Хендерсон (25-8) последен пат настапи во април на Белатор 196, при што забележа победа со гилотина во втората рунда над Роџер Хуерте. 34-годишникот претходно нанижа порази против Мајкл Чендлер Патрик Фрај. Во изминатите пет настапи за Белатор Хендерсон забележа само две победи.

Авад (23-9), од друга страна, се наоѓа во најдобрата серија во петгодишната кариера во Белатор. 35-годишникот во последната изведба го нокаутира Рајан Кутур, син на легендарниот шампион во УФЦ, со што ја забележа четвртата последователна победа.

Bellator 208 ќе се одржи на 13 октомври во Јуниондејл во државата Њујорк. Настанот го предводи полуфиналниот меч на Гран при турнирот во тешка категорија меѓу Федор Емелијаненко и Чаел Сонен.

print

Можеби ќе ви се допадне...