Федор: Ако човек треба постојано да се мотивира, зошто воопшто се бори?

fedor-vo-dzemperot

Федор Емилијаненко во февруари следната година за прв пат ќе се борат во САД од 2011 година.

40-годишната легенда ќе дебитира за Белатор во Сан Хозе на мечот со поранешениот борец на УФЦ, Мет Митрион.

Во интервју за руските медиуми говори за одењето на Ризин Гран при со соборците од тимот, кој планира да го собере за битка со Митрион и за тоа дали мора дополнително да се мотивира секој пат кога излегува на борилиштето.

Навивачите очекуваа дека ќе се бори на настанот на Ризин за Нова година или во Русија на Фајт најтс. Зошто се одлучивте за Белатор?

„Не сум добиле никаква понуда од Фајт најтс. На новогодишната ноќ неколкумина од моите соиграчи се борат на Ризин. Тоа се Вадим Немков и Валентин Молдавски (Молдавски во четвртфиналето за Големата награда се бори со Полјакот Шимон Бајор, додека Немков во резервната борба против Алисон Висенте – н.з.). Ќе летам со нив во Јапонија и ќе им бидам во аголот. И заедно ќе се подготвиме за тие борби“.

 Ви беше ли понуден настап на настанот за Големата награда на Ризин?

„Оваа година не. Но, јас сум отворен за понуди на сите промоции. Немаме ексклузивен договор со Белатор, така што може да ги разгледаме сите понуди“.

Мет Митрион направи 16 борби. Колку негови мечеви изгледавте?

„Не е битно колку борби гледав. Најважно е кои заклучоци ги извлеков од оние што ги погледнав. Плус, бев на настанот на Белатор во Англија, каде што се бореше со Оли Томпсон. Така што имам некоја идеа за тоа што работи во рингот и каква му е техниката“.

На 18 ноември бевте во САД на Белатор, на 26 ноември во Макао на Светското аматерско ММА првенство, а на 9 декември на настанот за Големата награда во Русија. За Нова Година патувате во Јапонија. Дали е тешко да се остане во форма кога толку многу патувате?

„И додека сум на пат се обидувам да тренирам. На пример, кога стигнав во Макао претрчав 10 километри во локалната сала во текот на вечерта и направи многу добра тренинг за снагата. Но, како борбата се приближува нема да патувам, ниту ќе се гледам лево и десно, ќе се фокусирам на тренингот за борбата“.

Летот ви трае 8 часа. Како го убивате времето?

„Читам и гледам се што е интересно во каталозите кои се нудат во авионот. Но, не читаам со цел да се убие времето. Книги кои секогаш ги читам се Евангелието и псалмите“.

Со кого ќе подготвувате за борбата со Митрион?

„Со мојот тим, со моите тренери, а покрај тоа ќе повикаме и тим од Холандија. Исто така сакам да работам со Николај Лисин (тренер на руската јуниорска ММА репрезентација).

Борбата ќе се одржи во кафез, а Вие во Стари Оскол немате кафез.

„За борба ќе се подготвувам во Москва. Таму имаат кафез“.

Што ве мотивира? Кога ги прашате руските борци дали може Федор уште еднаш да стане шампион, тие велат: Може, ако пронајде мотивација за тоа.

„Знаете што, ако човек треба постојано да се мотивира, зошто воопшто се бори? Тоа значи дека секој пат пред борбата мора да најде нешто за да може да влезе во рингот или во арената или да застане на лентата за трчање. За мене фактот дека претставувам мојата земја, тимските соиграчи и мојот град се доволен мотив“.

Шампионскиот појас. Дали е тоа целта?

„Ако даде Господ“”.

Дали би го сакале тоа?

„Ќе продолжам да се борам“.

Многу врева се крена кога се појавивте на Белатор во ист џемпер што го носевте во 2009 гоидна на настанот на Афликинов. Можете ли да ни кажете која марка е тој џемпер? Затоа што многу би сакале да го купат, а не можат да го најдат.

„Не се сеќавам која марка е. Тој џемпер го купив одамна. Не можам да го износам, внимателно го носам“.

Се облекувате едноставно?

„Да. Веројатно. Затоа тој џемпер стана толку популарен. Веројатно премногу се врзувам за работите. И сум среќен кога не се истрошуваат брзо“.

https://youtu.be/CnmgkBw1v1o

print

Можеби ќе ви се допадне...