Фаик Весели – најдобриот млад спортист за 2018: Ќе донесам уште еден сениорски олимписки медал!

Каратистот Фаик Весели на Изборот на спортсити на годината за 2018 година е избран за најдобар во младинска конкуренција, пред се со освојувањето на историскиот бронзен од малдинските Олимписки игри во Буенос Аирес во Аргентина, како и европското сребро и бронзата од Карате Премиер лигата за младинци.

Освои медал на младинските Олимписки игри во Аргентина кој ти ја донесе титулата најдобар млад спортист за 2018 година на Македонија. Колку ти значи медалот, кој е прв на олимпијадите, и признанието најдобар млад спортист?

-2018-тата беше најуспешна година во мојата кариера во која освоив сребрен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, бронзен медал Малдинската Премиер лига  и бронзен олимписки медал на Олимписките игри за млади во Арегнтина, кој е прв историски медал за Македонија во сите спортови.

Чест и задоволство ми е што заслужено го добив „оскарот“ за најдобар млад спортист на годината. Сакам да ги поздравам сите кои беа дел од овие резултати, моите тренери Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски, како и  целиот тим на КК Олимпик, мојата фамилија Весели од кои ја добивам најголемата поддршка и мотивација. Македонски олимписки комитет на чело со председателот Васил Тупурковски, Агениција за млади и спорт и директорот Дарко Каевски, а најмногу и благодарам на Карате федерација и председателот Драган Стојановски кој ми даваше целосна поддршка и веруваше во мене.

Од говорницата вети медал и во сениорска конкуренција на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Кои се твоите планови за да се стигне до сениорски медал на ОИ во Париз? Што очекуваш во 2019 година?

-Ова е плус мотив за 2019 година. Ќе продолжам со уште понапорни тренинзи и верувам дека ќе донесам уште многу врвни резултати. А во 2024 гоидна ветувам оти ќе донесам уште еден сениорски олимписки медал во карате .

Колку ти значи конкуренцијата во матичниот клуб?

-Мојот матичен клуб Олимпик Спорт е најдобар во Македонија, а и во европски рамки. Ние на тренинг сме најлути ривали и затоа сме успешни, а надвор, по тренингот, сме најголеми другари и функционираме како едно семејство.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...