Фаик Весели: Максимално сум подготвен и одам на добар резултат во Буенос Аирес

Каратистот Фаик Весели кој оди на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес – Аргентина, со обезбедена норма истакна дека доста време се подготвувал за најголемиот настан за младите спортисти.

„Максимално сум подготвен и одам на добар резултат“, рече Весели на денешната прес-конфренција на Македонскиот олимписки комитет (МОК) по повод учеството на Олимпијадата.

Тренерот на Фаик, Александар Кузмановски, исткакна дека само што се вратиле од подготовките во Укарина, но и ги истакна трите медали на највисоко ниво и дека е втор на Светската ранг листа за млади каратисти.

„Очекувам добар резултат, затоа што е талентиран спортист и имавме добри подготовки и јаки спаринзи. Конкуренцијата е јака, односно ќе се бори со седумината најдобри каратисти, но подготвени сме да испишиме нова страница во македонсото карате и МОК“, посочи Кузмановски.

Ipon.mk

 

print

Можеби ќе ви се допадне...