Фабрицио Вердум е уврен дека повторно ќе го победи Каин Веласкез

verdum velaskez udar

Фабрицио Вердум е еден од најдобрите борци во тешка категорија на УФЦ. Така смета и поранешниот шампион во категоријата Каин Веласкез.

Кога двајцата се сретнаа првпат за време на УФЦ 188, што се одржа оваа година, Вердум ја контролираше борбата и во третата рунда успеа да направи му гилотина на Веласкез и да ја освои титулата.

Сега, во пресрет на нивниот реванш, кој е закажан за 6 февруари за време на УФЦ 196, Вердум е уверен дека повторно може да го победи Веласкез.

„Навистина сум среќен што ќе се борам токму на овој датум. Се разбира, сакав мечот да се одржи во Бразил, но за жал, такво нешто нема. Сигурен сум дека во иднина ќе ни се укажеуште една можност да се бориме и тогаш тоа ќе биде во мојата татковина. Вистината е дека мојот тренер, Рафел Кордеиро, знаеше дека ќе го победам Каин и дури ми беше кажано дека реваншот ќе биде во Лас Вегас“.

„За да бидам искрен, ми се чини дека тој го рече тоа уште пред две години. Сега, зборовите му се обистинија. Среќен сум што сето она што тој ми го кажа досега се случило. Значи, повторно ќе го победам Каин. Не сум арогантен, едноставно сум убеден во своите способности“.

print

Можеби ќе ви се допадне...