Уште 12 медали за Македонија, Илиоски и Ризов најдобри сениори на Балканското кик бокс првенство (ФОТО)

Нашите кик бокс репрезентативци освоија уште 12 медали – 4 златни и 8 сребрени на Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина. Бобан Илиоски е прогласен за најдобар сениор во лоу кик, а Филип Ризов во кик лајт на Балканското првенство.

Исто така и вчера репрезентативците освоија 12 медали – 1 златен, 4 сребрени и 7 бронзени.

Покрај Илиоски и Ризов златни медали освоија Славче Арсов и Јована Арсова.

„Глобално, како претседател и селектор, сум задоволен од успехот на нашите натпреварувачи. Од сите натпреварувачи би ги истакнал Бобан Илиоски и Филип Ризов кои земаа и пехари како најдобри. Филип Ризов е најдобар сениор на татами во кик лајт, а Бобан Илиоски најдобар сениор во ринг – лоу кик. За прв пат Македонија имаше навивачки тим, како што доликува, а тоа многу влијаеше врз моралот на нашите натпреварувачи“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати
Јуниори 
кик лајт
-79 кг
Славче Арсов го победи Мерим Баниќ
Славче Арсов денеска се бори во финале – златен

-69 кг
Блаже Настов го победи Демир Цана (Србија)
Блаже Настов загуби од Глен Аничиќ (Словенија) – сребрен

-55 кг
Јована Арсова ја победи Клара Дробњак (Црна Гора)
Јована Арсова ја победи Маја Ментор (Црна Гора) – златен

-60 кг
Марија Јанева ја победи Белин Исовиќ (БиХ)
Марија Јанева изгуби од Ивана Радиќ (Босна и Херецговина) – сребрен

Сениори
-57 кг
Филип Ризов го победи Јакоб Шимич (Словенија)
Филип Ризов – Марко Ѓоргевиќ (Србија) – златен

Јуниори
Лоу кик
-54 кг
Акан Адемов го победи Александар Милиќ (Србија)
Акан Адемов загуби од Максим Цабацу (Молдавија) – сребрен

-57 кг
Енес Азири го победи Иван Халповиќ (Србија) ¼ финале
Енес Азири го победи Јован Марјановиќ (Црна Гора)
Енес Азири загуби од Богдан Драшковиќ (Србија) – сребрен

-67 кг
Роберт Костовски поразен од Дениз Малиќи – сребрен

56 кг
Викторија Варадинова загуби од Неда Бркиќ (Србија) – сребрен

+ 60 кг
Марија Кицевска загуби од Наталија Савиќ (Србија) – сребрен

Сениори 
-81 кг
Бобанчо Илиовски го победи Сандро Полетан (БиХ) ¼ финале
Бобанчо Илиовски го победи Николај Јоргов (Бугарија) ½ финале
Бобанчо Илиовски го победи Андрија Бошиќ (Србија) – златен

-60 кг
Стефани Тодорова загуби од Нина Павловиќ (Србија) – сребрен

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...