Уште три бронзи за Шотокан академијата Македонија на ЕП во Чешка (ФОТО)

Шотокан академијата Македонија освои уште три бронзи на Европското шотокан карате првенство во Пардубице во Чешка. Медалите ги освоија: Николина Милорадовска, Матео Причков и сениорскиот ката тим жени.

Николина Милорадовска до бронзата во сениорска конкуренција во кати стигна со победа и пораз со романските каратистки Јоана Гита и Луиза Јордаче. Луиза се пласира во финалето и стана шампион, а Милорадовска го освои бронзениот медал.

Матео Причков освои бронзен медал во кадетска конкуренција откако во првото коло го победи Полјакот Михал Бугај со 5-0, а во второто загуби од Турчинот Бурак Арслан кој стана европски првак, но му овзоможи репасаж на нашиот каратист. Причков ја искористи шансата и го совада Винсент Матеуш.

Сениорски ката тим жени во состав Ангеловска, Миорадовска и Стојковска бронзата ја освоија по поразот од Романките кои за златото се бореа со втората екипа на Романија. Нашиот тим немаше противник во репасажот.

Вчера нашите каратисти освоија два златни медали – машките ката тимови од 10 -11 и од 8-9 години, а женскиот ката тим од 12-13 се закити со бронза.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...