Ученик на Ристо Димитров-Чурино забележа прва бокс победа (ФОТО)

Учениците на Ристо Димитров – Чуринот ги почнаа натпреварите во бокс и ја извојуваа првата победа, а тоа се случи во Дубаи.

„Мојот ученик Сауд Салех Ал Намани ја извојува својата прва победа на „10 Rounds Fight Night“ турнирот вчеравечер во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Горд сум како тренер и пријател, ова е само почеток! Исто така, благодарен сум и на мојот тим од УФЦ џим Оман, кој допатува за да помогне и да ја даде својата подршка“, рече Димитров.

Димитров очекува успеси во бокс, кик бокс и ММА со неговите ученици, истакнувајќи дека резултатите полека си доаѓаат.

Ipon.mk

print