УФЦ 192: Кормиер ја одбрани титулата, атрактивни нокаути (ВИДЕО)

O

ММА настанот УФЦ 192 се одржа денеска и како главно настан го вклучуваше мечот за титулата во полутешка категорија меѓу Даниел Кормеир и Александар Густафсон.

Шампионот Кормиер успеа да ја одбрани титулата по борба во 5-рунди. Густафсон почна да ја користи предноста во висината уште на самиот почеток, нанесувајќи му директни удари со левата рака, но Кормиер брзо го симна на земјата. Кон крајот на рундата разменија неколку силни удари и завршија во клинч.

Во втората рунда Густафсон почна да задав силни удари и успеа да го собори Кормиер, кој, сепак, брзо се исправи. Во еден момент се најдоав во клинч, при што разменија многу силни аперкати. На 20 секунди пред крајот на рундата Густафсон забележа уште еден тејкдаун.

Третата рунда повторно почна со размена на удари, од кои му беше разбиен носот на Густафсон. И во оваа ситуација клинчот одигра важна улога, бидјеќи разменија тешки аперкати. Густафсон дури го погоди Кормиер со колено, кое за момент го зашемети.

Кормиер започна со тотален напад во четвртата рунда и средбата беше доста успорена, се приближуваше крајот.

Во петата рунда Кормиер го притисна Густафсон, кој при секој напад на шампионот го вртеше грбот и бегаше. Голем дел од борбата помина во клинч и удари од блиску, но Кормиер зададе потешки аперкати. Ова беше добар и тежок меч, при што шамионот е добиен со судиска одлука.

Во подглавниот настанрајан Бадер беше подобар од Рашад Еванс, кој на крајот на средбата беше толку исцрпени од директните погодоци на Бадер, што не успеа да го посериозно да го загрози, оставајќи го да победи со судиска одлука.

Во долгоочекуваното деби Сејџ Норткат забележа победа едвај за 57 секунди над Францсико Тревино. Сејџ го налути противникот со неколку удари и го собори, принудувајќи го судијата да го прекине мечот.

Еве ги сите резултати од УФЦ 192:

Daniel Cormier го победи Alexander Gustafsson со судиска одлука (47-48, 48-47, 49-46)

Ryan Bader го победи Rashad Evans со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Ruslan Magomedov го победи Shawn Jordan со судиска одлука (30-27 29-28, 30-27)

Joseph Benavidez го победи Ali Bagautinov со судиска одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Julianna Pena ја победи Jessica Eye со судиска одлука (29-27, 29-27, 29-27)

Yair Rodriguez го победи Daniel Hooker со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-26)

Albert Tumenov го победи Alan Jouban со ТКО 2:55 Р 1

Adriano Martins го победи Islam Makhachev со нокаут за 1:46 Р 1

Rose Namajunas ја победи Angela Hill со клуч (Rear-Naked Choke) 2:47 Р 1

Sage Northcutt го победи Francisco Trevino со TKO 0: 57 Р 1

Sergio Pettis го победи Chris Cariaso со судиска одлука (29-27, 29-27, 29-28)

Derrick Lewis го победи Viktor Pesta со оф Р 3

print

Можеби ќе ви се допадне...