УФЦ ја укинува мува категорија

Најпопуларната ММА организација УФЦ може да ја укине мува категорија кај мажите. Ова го најави бразилското издание Комбат.

Причината за ова може да биде малиот интерес на публиката. Дури и во времето на неверојатниот Демитриус Џонсон, резултатите од продажбата на ППГ беа многу мали. Долгогодишниот шампион во категоријата го изгуби појасот во реваншот со Хенри Секудо и одлучи да се пресели во конкурентната организација ОНЕ.

Водечкиот ММА новинар, Ариел Хелвани, ја потврди веста. Според него, УФЦ веќе почнал да ги известува борците за распуштањето на категоријата до 57 кг.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...