УФЦ палнира камбек на Мек Грегор со Гаетје

УФЦ планира враќањето на Конор Мек Грегор да биде против Џастин Гаетје.

Ирската ММА суперѕвезда се нема борено откако неславно изгуби од неговиот најголем ривал досега, Хабиб Нурмагомедов, во борбата на УФЦ 229 лани во октомври.

Дајна Вајт му понуди на Мек Грегор да се врати на 14 декемвр во на УФЦ 245 во Лас Вегас.

Тренерот на Ирецот сака тој прво да се соочи со борецот Френки Едгар, борба што ќе му помогне да се подготви за евентуален реванш со Хабиб.

Меѓутоа, ММА менаџерот на Хабиб Али Абдел Азиз во интервју за ТМЗ изјави дека УФЦ сака Мек Грегор да се бори против Гаетје.

„Само сакаат да се бори со Џастин“, тврди тој.

Гаетје неодамна го нарече Мек Грегор „кукавица“ откако овој го прозва Френки Едгар и потоа го игнорираше.

Американскиот ММА борец, кој има скор од 20-2, за ЕСПН изјави:

„Конор постојано вели дека ќе се бори, ама мислам дека тоа не е вистина. И кога не сака да се бори, прозива борачи како Френки Едгар. Не сакам да покажам непочитување кон Френки Едгар, ама тој е 13 килограми полесен од нас и тоа е кукавички потег. Човекот длабоко во себе е кукавица. Го знам тоа, тој го знае тоа, некои тука го знаат тоа. И ако јас се борам со него, ќе му покажам на светот дека токму тоа е она што тој не го сака“, рече Гаетје.

print