УФЦ официјално ја објави борбата меѓу Благој Иванов и Црниот ѕвер

УФЦ официјално ја објави борбата меѓу Благој Иванов (18-2 ММА, 2-1 УФЦ) и Дерек Луис (21-7 ММА, 12-5 УФЦ).

Таа ќе биде прва на програмата УФЦ 244 во Медисон сквер гарден на 2 ноември. Овој меч е деби за Бугаринот во најголемата сала во светот.

„Црниот ѕвер“ е поранешен предизвикувач за титулата во тешка категорија. Тој беше поразен од Даниел Кормиер на УФЦ 230 во ноември, потоа во март загуби од Жуниор дош Сантос. По овој дуел, Дерек Луис го оперираше коленото и оттогаш е надвор од октагонот.

https://twitter.com/ufc/status/1157019872284565504?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1157019872284565504&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D798523

Во исто време Благој Иванов е во серија од две последователни победи. Годинава се бореше со Таи Туиваса и Бен Ротвел, а новата победа ќе му овозможи да се искачи во Топ 5 на УФЦ.

print