УФЦ на ФОКС 19: Тексеира за 1:48 го нокутираше Еванс, Нурмагомедов се врати со победа (ВИДЕО)

glover teixiera rashad

ММА настанот УФЦ на ФОКС 19 кој се одржа денеска во Тампа, Флорида, во главната средба на вечерта Гловер Тексеира брзо го заврши Решад Еванс.

На Тексеира му беа потребни 1:48 минути за да го нокаутира Еванс.

„Барав брзо завршување“, рече 36-годишниот Бразилец.

„Овој меч беше закажан во 5 рунди, но јас не сакав толку многу да се оддолжи борбата, сакав да завршам побрзо. Јас сум како Мајк Тајсон, гледам да си ја завршам работата“, рече Тексеира.

Тоа веќе е трета последователна победа за него, а за Еванс втор пораз по ред.

Во подглавната средба Роуз Намахунас победи со едногласна судиска одлука со Теција Торес. Во поголем дел од борбата Намахунес го контролираше темпото, иако Торес успеа да издржи до крајот.

Пред нив Хабиб Нурмгамедов забележа победа со ТКО во втората руна над Дарел Хорчер. Дагестанецот долго време отсуствуваше од борбите поради повреди, но успеа да забележи нова победа со статистика 23-0.

„Во овие две години имам чувство дека сум седел само на еден стол. Сега сум слободен и сами гледате колку е опасен орелот кога е гладен“.

Еве ги сите резултати од UFC on FOX 19:

Glover Teixeira го победи Rashad Evans со KO (1:48)

Rose Namajunas го победи Tecia Torres со судиска одлука

Khabib Nurmagomedov го победи Darrell Horcher со TKO (R2, 3:38)

Cub Swanson го победи Hacran Dias со судиска одлука (29-28 x3)

Michael Chiesa го победи Beneil Dariush со клуч (rear-naked choke) (R2, 1:20)

Raquel Pennington го победи Bethe Correia со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28)

Santiago Ponzinibbio го победи Court McGee со TKO (4:15)

Michael Graves го победи Randy Brown со клуч (rear-naked choke) (R2, 2:31)

John Dodson го победи Manvel Gamburyan со TKO: 47 round 1

Cezar Ferreira го победи Oluwale Bamgbose со судиска одлука (29-28, 29-28, 29-27)

Elizeu Zaleski dos Santos го победи Omari Akhmedov со TKO (knees) 3:03 round 3

print

Можеби ќе ви се допадне...