УФЦ донира еден милион долари за жртвите од Лас Вегас (ВИДЕО)

Челниците на УФЦ ќе донираат еден милион долари на роднините на жртвите на масакрот во Лас Вегас.

Според најновите информации, 58 лица беа застрелани, а уште 515 граѓани се повредени. Тоа се случи откако 64-годишниот Стивен Падук отвори оган на музички фестивал во Мандалеј Беј.

„Сакаме да го дадеме нашиот дел од поддршката и помошта на луѓето“, се наведува во официјалното соопштение на организацијата и истакнуваат: „Нема да ја откажеме галавечрта на УФЦ 216. Ќе се одржи на 7 октомври“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...