Утре почнува Европското првенство во кик бокс, Македонија со еден финалист и осум полуфиналисти

 

Утре во Скопје почнува Европското првенство за кадети и јуниори во кик бокс на ВАКО, на кое  ќе учествуваат 1.563 натпреварувачи од 37 земји, а Македонија ќе настапи со 37 репрезентативци. Бобите до 9 септември ќе се одржуваат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Свеченото отворање е утре во 10 часот, а борбите почнуваат во 11:30 часот. На отворањето ќе бидат првите луѓе на ВАКО, претседателите на ВАКО Свет, Борисав Пелевиќ и Вако Европа, Рој Бејкер.

Финалните борби се на 8 и 9 септември. Најбројна е репрезентацијата на Русија со 176 натпреварувачи, па Полска со 150, Унгарија 138, Италија 112, а Македонија ќе настапи со 37 натпреварувачи, односно со победниците на Државното првенство.

Македонија засега има осум полуфинални настапи и едно финале, што значи дека имаме обезбедно најмалку осум бронзени медали и едно сребро.

За Македонија ќе настапат:

Поинт фајт
кадети
-32 кг Павел Стојчевски
Лајт контакт
-42 кг Дилан Ивановски

Кик лајт
кадети
-52 кг Синиша Милошевиќ
-57 кг Милан Милошевиќ
-57 кг Марко Горневски
+69 кг Филип Мицевски
+69 кг Никола Нацев
-50 кг Леа Бошевска
-60 кг Викторија Ивановска

Јуниори
-57 кг Флип Ризов
-57 кг Блаже Настов
-63 кг Стефан Грнчаревски
-69 кг Амир Алији
-69 кг Александар Велков
-74 кг Славче Арсов
-79 кг Давид Спасовски
-79 кг Никола Бубевски
-84 кг Ивица Цветковски
-89 кг Стојанов Благојче
-89 кг Азрет Зекири
-94 кг Ненад Пантиќ
+94 кг Бобан Јосифов
-50 кг Јована Арсова

Лоу кик
кадети
-48 кг Стефан Крстев
-54 кг Марко Тодоров
-57 кг Енес Азири
-60 кг Медин Ахмети
-63,3 кг Кристијан Шоповски
-67 кг Марио Трпчевски
+81 кг Витанов Витанче

јуниори
-60 кг Викторија Варадинова
-63,5 кг Марио Цветков
-63,5 кг Дарко Најдов
-67 кг Роберт Костовски
-67 кг Слаѓан Димиќ

К-1
кадети
-63,5 кг Мирче Василев

Јуниори
-64 кг Даниел Митов – Христијан Канчев (Бугарија) ¼ финале

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...