Успешен семинар на Зоран Пејов во КРА Нико – Кочани (ФОТО)

Клубот за реално аикидо Нико од Кочани ја заокружи сезоната со семинарот на мајсторот по карате Зоран Пејов, носител на мајсторски појас 5 дан.

На семинарот се рабоеа техники за самоодбрана за да им се доближат некои елементи од каратето на младите аикидисти. Демонстрациите беа на највисоко ниво.

Во средата мајсторот Николчо Гоцев организираше семинар со познатите аикидо мајсторите Ѓуро Илиќ и Јордан Христов при што беа покажани многу техники од реалното аикидо. Завршницата беше со полагање за ученички појаси.

Гоцев за идната сезона најавува атрактивен семинар со комбинирање на повеќе боречки вештини.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...