Усман го нокаутира Ковингтон (ВИДЕО)

Камару Усман (16-1, 11-0 УФЦ) го нокаутира Колби Ковингтон (15-2, 10-2 УФЦ) во одлична голема борба на УФЦ 245 во Лас Вегас.

„Нигерискиот ноќен кошмар“ успешно ја заврши првата одбрана на титулата во велтер категорија за пеесетина секунди пред крајот на петата рунда.

Усман го собори Ковингтон со заден директ на 70 секунди пред истекот на времето. Нападна хамерфистите (чекан удари), но Ковингтон успева да се врати на нозе. Усман повторно го руши со десната рака и го напаѓа со чекан удари по што судијата ја прекинува борбата.

print