Усик: Ова беше најтешката година во мојата кариера

Александар Усик сака да се одмори пред да одлучи за неговиот следен чекор.

31-годишниот Украинец во саботата во земјата во која во 2012 година стана олимписки шампион во осмата рунда го нокаутира Тони Белју и ги одбрани ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ светските титули во лесно-тешка категорија.

На прашањето дали за следната борба ќе ја подигне килажата за тешка категорија, одговори: „Кога носите такви одлуки мора да се однесувате професионално и моментално мојата најголема грижа е одморот. Сакам да одам на одмор со моето семејство“.

„Имав навистина тешка година. Ова беше најтешката година во мојата кариера. Беше и најуспешна, но воедно и најтешка, затоа сега размислувам за времето со семејството, со мојата сопруга и децата, а потоа ќе бидам подготвен да донесам одлука за навивачите“.

„Вечерва ќе изедам малку повеќе тестенини за вечера. Уживав тука во Велика Британија, повеќето од моите соништа се остварија овде“.

Усик оваа година боксираше три пати. Во јануари во полуфиналето на турнирот ВБСС/WBSS со мнозинска одулка на судиите го победи Маирис Бридис и со тоа на својот ВБЦ појас го додаде и обој на ВБО. Во финалето во јули со убедлив настап во финалето во Москва го победи Мурат Гасиев и му ги зеде ВБА и ИБФ насловите.

Професионалец стана во септември 2013 година.

print

Можеби ќе ви се допадне...