Усик: За следните борби ќе нафрлам килажа

Дебито на Александр Усик во тешка категорија не откри многу работи за иднината, како на пример дали би можел поднесе тежок удар од вистинска тешкаш.

Украинецот во Чикаго го надбоксира 38-годишниот Чаз Витерспун кој го предаде мечот по седмата рунда. 38-годишниот Американец претежно се бранеше, но неколку пати добро го погоди од контра и олимпискиот победник од рингот излезе со модринка под окото.

Усик тежеше 97,5 килограми и беше 12 килограми полесен од противникот.

„Верувам дека ќе нафрлам поголема тежина за следните борби. Да влезеш потежок во мечот не е проблем, но сакам да го направам тоа на вистински начин, за да не ја губам брзината“, рече на прес-конференцијата по борбата.

„Разликата помеѓу тешка илесно-тешка категорија е во динамиката. Во тешка чувствувам поголема сила, затоа што моите противници се поголеми. Мислам дека најдобриот начин да се избегне снагата на тешкашите е подобро да се бранам“.

Откако во 2017 година ја прекина соработката со Џејмс Али Башир, Усик започна со тренинзи со таткото на Васил Ломаченко, Анатоли, иако досега официјално не го вика тренер. Усик и Ломаченко се долгогодишни пријатели од аматерските денови и обајцата го освоија олимпиското злато во Лондон.

„Не го гледате за време на борбата, но тој ме тренира. Тој е со мене секој ден во тренинг камп“.

За време на борбата со Витерспун, главниот збор во аголот на Усик го водеше аголменот Рус Анбер.

print