Усик доби нов противник за дебито во тешка категорија

Александр Усик (16-0, 12 КО) доби нов противник за дебито во тешка категорија.

Олимпискиот победник од Лондон првата борба во новата тежинска категорија ќе ја одработи на 12 октомври во Чикаго.

 Првично требаше во мај да дебитира во тешка категорија, но мораше да го одложи настапот откако го повреди бицепсот на подготовките.

Тогаш Карлос Такам требаше да биде неговиот противник. Се веруваше дека Камерунецот ќе му биде противник и откако ќе се опорави Усик, но по потпишувањето за Стар бокс претставниците на Мечрум бокс решија да бараат нов противник.

Боксерс сцена објави дека Усик ќе се бори против Андреј Федосов (31-3, 25 КО) во Чикаго.

Претставниците на 33-годишниот Русин минатата недела објавија дека добиле понуда да се борат против Украинецот, но ја отфрлиле затоа што сакале нивниот боксер да има друга борба пред Усик, но работите очигледно се смениле.

Федосов не боксирал од октомври минатата година кога со едногласна одлука го победи Џои Давејк во Екатеринбург, кој наводно го соборил Ентони Џошуа на подготовките за мечот со Енди Руиз.

Пред три години со прекин во 6 рунда го победи Марио Хередија, кој овој викенд се бори со Хрватот Филип Хрговиќ.

Последен пораз го доживеа во 2013 година од поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Брајант Џенингс.

print