Усик го откажа Витерспун во дебито во тешка категорија (ВИДЕО)

Апсолутниот светски шампион во лесно-тешка категорија Александар Усик дебитираше со победа во тешка категорија, откако го откажа својот противник Чаз Витерспун во седмата рунда на галавечерта во Чикаго. Само неколку дена пред мечоот, Тајрон Спонг испадна поради проблем со допингот.

Сепак, Чаз издржа до седмата рунда, кога веќе не можеше да продолжи и борбата беше прекината од судијата.

Усик започна претпазливо против Витерспун, тестирајќи го противникот во првата рунда. Во втората почна да го удира, но севкупно темпото не беше брзо. Украинецот во третата за момент го подигна темпото, но Витсперпун се издржа. Во четвртата рунда, Усик го погодуваше противникот со удари и го притисна на јажињата. Американецот се држеше на нозе, но никогаш не успеа да преземе никаква иницијатива. Во петата Витерспун претрпе многу удари и искрено не одговори на постапките на Украинецот.

Супериорноста на Усик во шестата стана очигледна кога американскиот ветеран доби многу тешки удари. Канонадата продолжи кон седмата, а во паузата пред осмата рунда Витсперпун одлучи дека не може да продолжи и одби да се бори.

„Бев нервозен поради промена на противникот, но му се молев на Бога за помош. Разликата во килограми (Витхерсун тежи 109,8 кг наспроти 97,5 кг на Усик) се чувствуваше, но бев во слична ситуација и порано. Мојата тактика беше да боксирам се додека не ми се укаже шанса која ќе ја искористам. Подготвен сум да се борам со Ентони Џошуа, Енди Руиз, Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер“, изјави Усик во рингот, кој беше топло поддржан од навивачите во Чикаго.

https://www.instagram.com/p/B3jFOkzpYTM/?utm_source=ig_embed
print