Узбекистанките боксери најдобри на Олимпските игри во Рио

Gaib Nazarov sampion OI

Боксерскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро го одбележа подемот на узбекистанската аматерска репрезентација.

Единственото злато пред Рио за Узбекистан го освои Мохамед Абдуалев во Сиднеј во 2000 година.

Во пресрет на последниот ден од натпреварувањето, беа во големо заостанување зад Кубанците, но благодарение на златни медали Шхабидин Зоир во мува категорија и Фазлидин Гаибназаров во полусредна категорија избија на првото место на освојувачи на медали.

Победник во полумува категорија Хасанбој Дусматов го освои трофејот Вал Баркер за најдобар боксер на Олимписките игри. Овој трофеј се доделува од 1934 година и е именуван по претседателот на Меѓународната боксерска федерација. Поранешните добитници на трофејот Вал Баркер се имиња како Теофило Стивенсон и Васил Ломаченко.

Веднаш по освојувањето на златниот Дусматов објави дека преминува во професионалци и дека е потпишал договор со јужноафриканска компанија Голден гловс.

Традиционално, боксерите од поранешниот Советски Сојуз постигнуваат големи успеси. Пред четири години златните Украинци успешно се префрлија во професионалниот бокс.

Кубанскиот бокс се враќа на старите позиции. По две златни медала во Лондон и ниту еден во Пекинг, Рио покажува нов подем на боксерите од карипскиот остров. Русите освоија, за нив, слаби четири медали, а Американците се враќаат со по едно сребро и бронза помалку кај мажите.

Најуспешни боксерски репрезентации на Олимписките игри во 2016 година (машка конкуренција):

1.Узбекистан 3 златни – 2 сребрени – 2 бронзени

2.Куба 3-0-3

3.Казахстан: 1-2-1

4.Рускија 1-1-2

5.Франција 5 1-1-2

print

Можеби ќе ви се допадне...