Угледен боксерски инсајдер најави реванш од „500 милиони долари“: ММА борбата на Мек Грегор и Мејведер е се поизгледна и мислам дека ќе се случи

Се појави уште една информација која и оди рака на рака на сите оние кои тврдат дека реваншот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор е се поверојатен.

Додека најголемите ѕвезди на спортот повремено се препукуваат и предизвикуваат преку социјалните мрежи, многу личности кои би можеле да кажат нешто на оваа тема се почесто излегуваат во јавност со нови информации.

Ако се вратиме неколку дена назад, тогаш ќе се присетиме дека и Стивен Еспиноза, инаку извршен директор на Шоутајм спорт, со своите изјави потврди дека нешто „се крчка“, а сега на неговата приказна се надоврза и боксесркиот инсајдер и дописник на Телеграф, Герет А. Дејвис.

Во разговар со Џим Вајт на ток Спорт, Дејвис откри:

„Како што дознавам, многу се разговара во позадина. Многу приказни се вратат преку луѓето околу Мјуведер. Се зборува за неговиот потенцијален ММА меч со Конор Мек Грегор. Конор немаше никакви шанси во боксерскиот меч, а сега луѓето би сакале да ја видат борбата во коа тој ќе го спопре Флојд, на кого тоа воопшто нема да влијае на боксерскиот скор. Мислам дека тоа ќе се случи и дека во играта ќе биде борба од три, четири, па дури и петстотини милиони долари“.

Ова е идеја за која УФЦ покажа интерес, а дел од медиумите денес сметаат дека од самиот почеток имало план Конор и Флојд да направат два меча – еден во боксерскиот ринг, а другиот во кафезот на УФЦ.

Иако, гледано од спортска страна, овој дуел повторно ќе навлече бројни критики, факт е дека се за финансиски и тоа многу исплатлив потег. Во прилог на тоа  одат и службените бројки од нивната последна борба, а тие говорат дека само во Северна Америка се купени дури 4,3 милиони ППГ преноси.

print

Можеби ќе ви се допадне...