Уапсен соспстевникот на ФНГ и спонзор на Хабиб Нурмагомедов

Косопственикот на водечката руска ММА организација за ФНГ Зијавудин Магомедов е уапсен во Русија поради обвиненија за проневера.

Магомедов, чија компанија го градеше стадионот во Калининград за Светското фудбалско првенство, е уапсен заедно со својот брат и деловен партнер поради обвиненијата за проневера за 35 милиони долари кои припаѓале на државата.

Форбс минатата година го рангираше Магомедов како 63-тиот најбогат човек во Русија. Неговото богатство беше проценето на 1,4 милијарди долари.

Министерството за финансии на САД го водеше како еден од олигарсите блиски до претседателот Владимир Путин.

Ќе помине два месеца во притвор,а ги одрекува сите обвиненија.

Магомедов е косопственик на една од најголемите светски ММА организации, Фајт најтс Глобал. Тој е исто така сопственик на ММА клубот Иглс и главен спонзор на Хабиб Нурмагомедов, кого го чека борбата со Макс Холовеј за шампионската титула на УФЦ во лесна категорија.

Нурмагомедов преку социјалните мрежи  спрати порака за поддршка на Магомедов.

print