Тројца јуниори на „Војводинска ракавица“

Тројца јуниори ќе ја претставуваат Македонија на престижниот Меѓународен босерски турнир „Војводинска ракавица“ во Суботица, Србија.

Македонија ќе ја претставуваат Ферид Хоџа, Александар Ристовски и Хурмет Јонузов. Сите тројца стартуваат денеска со натпреварите. Хоџа за противник го има Гал Сепик од Словенија во категоријата 69 кг,  во истата категорија ќе боксува  и Александар Ристовски против Милош Красниќи од Црна Гора, а Хурмет Јонузов во четвртфиналето за противник го доби Сома Местер од Унгарија во категоријата 75 кг.

Овој турнир на кој ќе учествуваат  190 боксери во двете конкуренции ќе биде добра проверка пред настапот на Европското првенство за јуниори кое во септември ќе се одржи во Софија, Бугарија.

print