Тројца македонски боксери во финалето на „Златниот гонг“ (ВИДЕО)

Тројца македонски боксери утре ќе се борат во финалето на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“  во Скопје во салата на СЦ „Борис Трајковски”. Боите на Македонија ќе ги бранат Јасин Лама, Арсим Етеми и Алим Насуфи.

Денеска во полуфиналните борби Лама и Етеми извојува победи, а Оран Шакировски беше поразен, додека Етеми директно се пласира во финалето. Дон Емини кој настапуваше под закрила на ЕУБЦ, иако прикажал убав боксна чуден начин е поразен со поделена одлука на судиитеод 1-2 против Србинот  Милан Вранковиќ. Емини сакаше да настапи под знамето на Македонија, но затоа што имал настап во кадестка/јуниорска конкуренција за Норвекша, во сениорска се бореше под закрила на ЕУБЦ, за да нема компликации со Европската нокс федерација. Ова криво му паданало на Дон, затоа што дошол со јасна намера да настапи за Македонија.  

Лама салвеше со прекин, а Етеми на поени. Јасинво финалето ќе се сретне со Романецот Вас Норберт, Етеми со Албан Беќири од Албанија и Алим Насуфи против Шпетин Бајоку од Косово.

Fitore me nderprerje ne raundin e par ne gjysemfinalen e Gongut te artNeser ne finale kunder boksierit nga RomaniaElhamdulilah 🙏

Posted by Jasin Lama on 2019 m. lapkričio 8 d., penktadienis

Финалните борби на програмата се утре од 15 часот.

На турнирот учествувата 24 боксери од 8 држави.

Резултати:

56 кг Оран Шакировски – Ник Вебер (Словенија) 0-3

60 кг Јасин Лама – Бесфорд Мелаку (Косово)  3-0 (ТКО, Р2)

69 кг Дон Емини (ЕУБЦ) – Милан Вранковиќ (Србија) 1-2

75 кг Арсим Етеми  – Бесарт Пирева (Косово) 2-1

Финале

60 кг Јасин Лама – Вас Норберт (Романија)

75 кг Арсим Етеми  – Албан Бекири (Албанија)

64 кг Алим Насуфи – Шпетин Бајоку (Косово)

print